×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заменските наставници ни на работа ни на Биро

    31.01.2015 11:00 | KumanovoNews

    Заменските наставници и денеска собираат потписи на платото пред Центарот за култура, и бараат надлежните институции што поскоро да ги информираат дали се водат како вработени или невработени.

    Заменските наставници ни на работа ни на Биро

    Велат дека дел од нивните колеги се плашат да се потпишат и јавно да им дадат поддршка.

    “Ги повикувам сите без да се плашат, да дојдат слободно, да дадат свои податоци, затоа што верувајте луѓе само така ќе кажеме дека постоиме. Вака сме само „духови“ кои што никаде не фигурираат. Да не дозволиме да бидеме пинг - понг топчиња меѓу едните и другите. Да го дефинираат нашиот статус, каде припаѓаме ние, бидејќи документите веќе ни се земени и сега сме во еден вакум простор. Нека дојдат да ни кажат кои сме ние, бидејќи сега и идентитетот ни го земаат“ - изјави претставник на заменските наставници.

    Заменските наставници ги повикуваат и колегите Албанци да им се придружат. На истото место во понеделник потписи ќе собираат од 10 до 18 часот, и потписите ќе ги достават до Министерството за образование.