Запленети резервни делови на Табановце
31.12.2013 11:06
| KumanovoNews
На граничен премин Табановце изминативе денови се запленети резервни делови.
47 делови за товарно возило (диск плочки, свеќички, автомат за воздух, стеги за ауспух, амортизер за кабина и друго) се откриени при контрола на патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавените делови биле сокриени во багажниот простор, помеѓу останатите лични работи на возачот, и во внатрешноста на возилото под една од патосниците.