Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните и учениците од двете основни училишта во центарот на градот, за да се напијат вода од јавната чешма, мора да прескокнат вир со вода.
Цевката за одвод на фонтаната е скршена а каналот затнат, па целата вода истекува на тротоарот. Дополнителен проблем претставува и раскопаниот дел на тротоарот во кој се слева водата, па децата за дојдат до чешмата мора да ја заобиколат или да ја прескокнат барата. Реката вода тече по целата должина на оградата на училиштето.
Граѓаните бараат од надлежните да го поправат одводот на чешмата за да можат децата и возрасните да ја користат фонтаната во овие топли денови.