Земјоделците на “Агротика“ во Солун
13.01.2014 12:47
| KumanovoNews
На 31 месецов кумановските земјоделци ќе заминат на меѓународниот саем “Агротика“ во Солун, Грција.

Саемот трае три дена, а темите кои ќе бидат опфатени се : земјоделска механизација, процесна техника, опрема за пакување, калибрирање, анбалажирање и друго. Истиот саем го посетивме и лани и сме задоволни од она што го видовме - вели Стојко Ивановски, секретар на Здружение на земјоделски производители Куманово.
На саемот организирано ќе заминат фармери од повеќе градови од земјава.