Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановка ноќеска си го одзела животот скокајќи од трети кат од станот во кој живееле на булеварот Трета МУБ, во локалитетот Серава.
Безживотното тело на Љ.Д.(60) го пронашле соседите утринава, кога тргнале на работа.
Во 5 часот еден од соседите забележал мртво женско тело на плочникот и повикал полиција. Дојдоа од крим техника направија увид, по што го тргнаа телото. Имаше крв насекаде и до сега го миевме местото каде што паднала. Жената има над 50 години и живее тука во зградата. Се фрлила од 3 кат. Ја знаевме, беше болна жена, имаше психички проблеми, кратко време беше и на лекување.- рече Оливер Г., вработен во дуќан во зградата.
Од полиција велат дека извршиле увид на лице место и утврдиле дека се работи за самоубиство.