×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жените потешко доаѓаат до политичка функција

    23.03.2015 15:05 | KumanovoNews

    Жените за разлика од мажите потешко доаѓаат до политички функции, беше кажано на денешната работилница организирана од Реактор  и Националниот демократски институт.

    Жените потешко доаѓаат до политичка функција

    Тие направиле истражување со 57 поранешни и актуелни советници, пратеници и градоначалници за влијанието на жената во политиката. Во Македонија има само четири градоначалнички и заложбата на овие невладини е на следните локални избори бројката да се зголеми.

    Жените се чувствуваат многу помалку моќни од мажите. На жените им е потешко да се вклучат во политиката, бидејќи имаат и внатрепартиски отпор, и лично повеќе ангажмани кои ќе треба да ги балансираат. Не добиваат општествена поддршка и многу поголема жртва треба да дадат. Она што за нас е клучно е дека од жените се бараат повисоки квалификации, за воопшто да можат да учествуваат во политичката трка, бидејќи сеуште одлуките се носат внатрепартиски, а таму сеуште доминираат мажи  - изјави Неда Коруновска, претседателка на Реактор.

    Од Националниот демократски институт велат дека досега работеле повеќе проекти за родова рамноправност и зајакнување на улогата на жените во политиката.

    Четири жени градоначалници, како што е моментално состојбата е незадоволителен број во процесот на одлучување. Во сите наши програмски активности сме насочени кон подобрување на улогата на жените - вели Ана Ангеловска од НДИ.

    На работилницата присуствуваа жени од повеќе политички партии, кои делуваат во Куманово за да си го кажат својот став, искуство и да дадат насоки како да се постигне поголема присутност на жената во политиката.

    Се додека не бидеме 50 отсто, онолку колку што сме како членови застапени, во рамките на телата не само на органите, туку и на раководните позиции, не можеме да кажеме дека сме се избориле за вистинска и конкретна родова еднаквост. Социјалдемократките го делат мислењето на присутните на денешната расправа, дека има огромен простор за достигнување на потребното ниво - кажа Атина Мургашанска, координаторка на Форум на жени на СДСМ Куманово.

    На истата тема Реактор и НДИ ќе организираат работилници во градови од сите шест изборни единици во Македонија. Истражувањето за влијанието на жената во политиката на локално ниво е помогнато од Француската амбасада.