Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Светлана Рашева (38) од селото Орашац попладнево е тешко повредена, кога нејзиниот зет од сестра Гоце Л.(34) од Македонска Каменица пукал во неа.
Инцидентот се случил околу 18 часот, кога зетот пристигнал во селото со такси во домот на Светлана, и започнал расправија со неа и нејзиниот сопруг. Наеднаш извадил пиштол и испукал три куршуми во телото на жената, а потоа избегал. Светлана е пренесена во Ургентниот центар во Скопје, а по напаѓачот се трага. Увид на лице место врши полицијата, а за сега не се познати мотивите за обидот за убиство. Двете семејства биле во кавга подолго време заради трактор што го поседувал таткото на Рашева.