Ќе се предвидува опасност од пожари Дирекцијата за заштита и спасување врз основа на податоците кои ги добива од Управата за хидрометеоролошки работи ќе ја предвидува опасноста од пожари.
Специјалистите преоптоварени со работа? Лекарите специјалисти во Општата болница Куманово се жалат дека имаат двојно повеќе работа откако прегледите се закажуваат електронски, а притоа мораат да ги примаат и пациенти кои се итни случаи и немаат ни упат од матичен лекар.
Легендарниот Аца Лукас овој викенд во Версај Во недела, клуб Версај со големо задоволство го најавува големиот летен концерт на неповторливиот Аца Лукас.
Изложба на фотографии “Фото Фокус 2013“ Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер ќе се отвори меѓународната изложба на уметничка фотографија “Фото Фокус 2013“.
Волонтери од Црвен Крст на камп во Велес Волонтери од Црвен Крст Кумановo вчера и денеска учествуваат на традиционален камп во Велес.
Општинска делегација ја посети Јагодина Делегација од Општина Куманово, предводена од градоначалникот Зоран Дамјановски беше во дводневна посета на Oпштина Јагодина.
Ред за поднесување барања за субвенции Триесетина земјоделци утрово чекаат пред подрачната единица на Министерството за земјоделство за да поднесат документи за субвенции.
Минералната вода во Проевце бактериолошки исправна Природната минерална вода од чешмите во селото Проевце бактериолошки е исправна, но не е извршена хемиска анализа за да се утврди дали водата е целосно безбедна за пиење, велат од Центарот за јавно здравје.
Почнува Рамазанскиот пост Верниците од муслиманска вероисповед денеска го започнуваат рамазанскиот пост, кој трае 29 дена.
Дел од фасада падна врз жена и дете Кумановка се здобила со сериозни повреди на главата кога врз неа паднал дел од фасада на зграда во центарот на Куманово.
Малите чевларски фирми на работ на егзистенција Сопствениците на помалите чевларски фирми во Куманово се жалат дека едвај опстојуваат, тешко ги подмируваат давачките кон државата и обврските кон вработените.
Привршува жетвата на јачмен Во кумановскиот регион 95 отсто од посевите со јачмен се ожнеани и за разлика од лани има двојно поголеми приноси по хектар.
Пет кумановци каснaти од змија Пет жители од кумановско во последните три месеци побарале помош во Општа болница Куманово откако ги каснала змија.
Кумановските пчелари ги посетија колегите во Гостивар Дваесетина членови на Здружение на пчелари “Пчела„ вчера посетија пчеларник во Гостивар каде присуствуваа на предавање за современо одгледување на пчелите.
Зголемен бројот на пожари во кумановско Последниве два дена Противпожарната единица од Куманово бележи 4 до 5 интервенции дневно на пожари на отворен простор.
Книжевен караван гостува во Куманово Пред Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ до среда на штанд ќе се продаваат книги од три издавачки куќи.