Двајца повредени во сообраќајка на патот Куманово - Крива Паланка
На магистрален пат Крива Паланка – Куманово, на место викано „Пашина воденица“, кривопаланечко, вчера околу 15 часот, патничко возило „опел зафира“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.И.(36) од с.Мала Црцорија, кривопаланечко, удрило во товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од И.К.(47) од с.Тимјаник, неготинско.