Зголемен бројот на заболени деца од варичела во Куманово Во последниот месец од годината има пријавено 119 лица заболени од овчи сипаници или варичела. Досега за ова година има вкупно 352 лица, но се очекува дека бројката можеби е околу 500 до 700 инфицирани, што се совпаѓа со вообичаените случаи во годините пред ковид пандемијата.
Тешко повреден кумановец откако со возило излетал од патот Едно лице е тешко повредено во сообраќајна незгода, која се случила вчера на регионалниот пат Куманово-Скопје, во атар на с.Љубодраг, кумановско.
Иселениците го зголемија сообраќајниот метеж, но не и прометот во продавниците Доаѓањето на иселениците за Новогодишните и Божиќни празници го зголеми сообраќајниот метеж во Куманово, но не и приходите на трговците, кои се жалат дека оваа година немаат ниту третина од прометот што вообичаено го правеле изминатите претпразнични периоди.
Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Куманово Лажни се дојавите за поставни бомби во 8 основни и средни училишта во Куманово , кои пристигнаа денеска на службените мејлови.
Нови закани за поставени бомби во кумановските училишта Нови дојави за бомби има во осум основни и средни училишта во Куманово. Заканувачките порака пристигнале по електронската пошта на службените мејлови на училиштата за време на големиот одмор во втората смена.
Просечната плата за октомври пораснала за 13,6 отсто во однос на истиот месец лани Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат раст на просечната нето плата од 13,6 проценти за октомври 2022 година во однос на истиот период минатата година. Исплатената просечна нето плата е 33.104 денари.
Изгласан буџетот на Куманово за 2023, вреден е 38 милиони евра Со 25 гласа „за“ и 4 воздржани, доцна синоќа беше изласан буџетот на Куманово за наредната година, вреден 38 милиони евра. Буџетот го поддржаа советниците на власта и опозициската коалиција на СДСМ, а воздржни беа само од ДУИ.
Куманово ќе добие бесплатен автобуски превоз, ќе трае шест месеци и ќе чини пола милион евра Општина Куманово од 1 јануари ќе воведе бесплатен јавен превоз, кој е предвидено да трае 6 месeци. За таа услуга од општинскиот буџет на приватните превозници ќе им бидат исплатени 30 милиони денари или 485 илјади евра.
Само 7 домаќинства од населбите „Гоце Делчев“ и „Зелен Рид“ се пријавиле да селектираат отпад Нема интерес кај граѓаните да се вклучат во пилот - проектот за селеција на отпад што минатиот месец го започна ЈП „Чистота и Зеленило“ во населбите „Гоце Делчев“ и „Зелен Рид“.
Дедо Мраз ги посети штитениците во „Порака наша“ Штитениците на дневниот центар „Порака наша“ денеска добија пакетчиња од Општина Куманово и приватни фирми, кои традиционално ги посетуваат по повод новогодишните и божиќните празници.
Во тек е етапната исплата на декемвриските пензии Министерството за труд и социјална политика известува дека од денеска започнува етапната исплата на пензиите за месец декември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.
МВР поднесе кривични пријави против 12 полицајци од граничниот премин Табановце Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Единица за корупција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против 12 лица, по завчерашната акција на граничниот премин Табановце.
Новогодишен концерт на Мартина Аврамовска и Андреј Наунов во Центарот за култура Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва од 20 часот новогодишен концерт на пијано ќе одржат Мартина Аврамовска и Андреј Наунов, солисти во Македонската опера и балет од Скопје.
Бензините поскапуваат за 1 денар, дизелот поевтинува за исто толку Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се намалува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто.
Почнаа подготовките за Бадниковата поворка во Куманово По осми пат во Куманово ќе се одржи детската бадникова поворка, која го најавува Христовото раѓање. Поворката ќе тргне од Соборниот храм „Свети Никола“ и ќе помине низ улиците во централното градско подрачје, по што прославата ќе се одржи на Градскиот плоштад, каде дечињата ќе ги пречека изненадување.
На граничниот премин Табановце уапсен командир, заменик и седуммина полицајци Во синоќешната полициска акција на граничниот премин Табановце се уапсени деветмина полицајци, меѓу кои и командир, заменик командир и раководител на смена.