Повредени двајца малолетници во сообраќајна несреќа
Двајца малолетници се здобиле со телесни повреди при сообраќајна несреќа , која се случила вчера, во селото Доброшане, помеѓу патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(28) од с.Доброшане и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Романовце, кумановско.