Мени

Од 15 ноември до 15 март задолжително носење на зимска опрема

Од 15 ноември до 15 март задолжително носење на зимска опрема

Oд 15 ноември до 15 март задолжително треба да се поседува зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи, соопштува МВР.

Димитриевски се сретна со противкандидатите, ќе реализира дел од нивните проекти

Димитриевски се сретна со противкандидатите, ќе реализира дел од нивните проекти

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, денеска оствари средба со сите кандидати за градоначалници за Куманово, Оливер Илиевски од СДСМ, Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ, Теодора Димитровска од ЛДП и ДОМ, и со Беким Салиу од АА/А, при што дискутирале за подобрувањето на условите за работа во општината, но и за подобрување на квалитетот на живот на кумановци.

Нови 128 казни за брзо возење

Нови 128 казни за брзо возење

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата и вчера спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 128 возила.

Македонија е меѓу десетте најсиромашни земји во Европа

Македонија е меѓу десетте најсиромашни земји во Европа

Според светскиот алманах (World Population Review) Македонија е на шестото место на ранг листата на 10 најсиромашни земји во Европа. После нас се Босна и Херцеговина, Белорусија, Србија и Црна Гора, а на врвот на листата се Украина, Грузија, Косово, Молдавија и Албанија.  

На автопат Куманово - Скопје - Велес 96 казни за брзо возење

На автопат Куманово - Скопје - Велес 96 казни за брзо возење

Вчера Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Димитриевски предлага Ѓорѓиевска да биде претседателка на Советот на Општина Куманово

Димитриевски предлага Ѓорѓиевска да биде претседателка на Советот на Општина Куманово

Носителката на листата на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Ивана Ѓорѓиевска да биде претседател на новиот Совет на Општина Куманово предлага градоначалникот Максим Димитриевски.  За својот предлог ќе бара поддршка од сите политички партии и претставници во Советот. 

ДИК ги отфрли приговорите на ТМРО во Старо Нагоричане

ДИК ги отфрли приговорите на ТМРО во Старо Нагоричане

Државната изборна комисија (ДИК) не ги прифати приговорите на политичката партија ТМРО, на која кандидат за градоначалник во Старо Нагоричане беше Власте Димковиќ. ТМРО поднесе 7 приговори наведувајќи одредени нерегуларности.