Вработените не се деградирани, нема притисоци и закани кон никого, вели Димитриевски Целосно ги демантирам и отфрлам обвинувањата кои денеска на прес-конференција ги изнесе претседателот на СДСМ Куманово Мартин Костовски, за наводно спроведен класичен политички реваншизам во Општина Куманово кон вработените кои се членови на СДСМ, преку уцени, заплашувања, закани, притисоци и деградирања, одговори на денешните обвинувања градоначалникот Максим Димитиевски во соопштение до медиумите.
Димитриевски деградирал 20 вработени во Општината затоа што се членови на СДСМ, тврди Костовски Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, кој освои втор мандат како независен кандидат, деградирал 20 вработени во Oпштината само затоа што се истакнати членови на СДСМ.
Одбележан Денот на ослободувањето на Старо Нагоричане Старо Нагоричане е познато по големиот придонес во НОБ и извојувањето на слободата и независноста на македонската држава. Овој ден го посветуваме на сите кои се вложиле себеси во изградба на државата и општината. Но, овој ден го посветуваме и на иднината на новите генерации, истакна градоначалничката на Старо Нагоричане Жаклина Јовановска, на прославата на 11 Ноември - Денот на ослободувањето на општината.
Уште 20 новозаболени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 469 новислучаи на ковид-19, а направени се 3.296 тестирања.
Кумановци превезувале огревно дрво без лиценца Двајца кумановци се осомничени дека превезувале огревно дрво без да поседуваат лиценца, откако полицијата им ги запрела двете товарни возила вчера во кривопаланечко.
Повреден пешак во сообраќајка Пешак се здобил со тешки повреди откако бил удрен од патничко возило на ул.„Никола Тесла“ во Куманово.
Свечено одбележан Денот на ослободувањето и 77 години слободно Куманово Бројни делегации од општина Куманово, Организацијата на борци и поддржувачи на НОБ, претставници на амбасади и здратимени градови, положија венци и свежо цвеќе на Спомен костурницата во чест на Денот на ослободувањето „11-ти Ноември“ и 77 години слободно и независно Куманово.
Крива Паланка меѓу трите најеколошки општини Крива Паланка се најде на третото место на најеколошка општина за 2020 година, покрај општините Карпош и Кочани, според резултатите од конкурсот, кој традиционално го распишуваат „Пакомак“ и „Балкан еко институт“.
79 - годишен кумановец е жртва на вчерашниот пожар во Средорек Д.Л.(79) од Куманово е жртва на пожарот, кој се случил вчера во помошен објект од поранешна фабрика на ул.„Доне Божинов“, информираат од СВР Куманово.
Жител на Лојане поседувал оружје без дозвола Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и СВР Куманово, утринава го лишиле од слобода З.И.(67) од с.Лојане, Липково.
Алфи Би Компани со поддршка на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ Алфи Би Компани(Алфи Техноцентар) потпиша договор за соработка и поддршка на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската унија, а е во реализација на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“.
Куманово го слави Денот на ослободувањето Куманово денеска прославува 77 години од ослободувањето и остварувањето на вековниот стремеж за самостоен и демократски развој на градот и државата.
Едно лице загина во пожар во стовариште на кумановска фирма Едно лице почина во пожар кој избувнал денеска попладне во канцелариски простории на стовариште за градежен материјал во населбата Средорек. Пожарот бил пријавен во 15 часот.
Двајца починати и 34 новозаболени од ковид-19 во Куманово Во изминатите 24 часа регистрирани се 656 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.597 тестирање.
Тепачка во Центарот за социјални работи во Куманово Ј.И.(35) од Куманово, вчера напладне пријавила дека во Центар за социјални работи во Куманово била физички нападната од Л.А.(22) од Куманово.
Алфи Техноцентар го слави 12-тиот роденден со големи попусти и изненадувања Над 50 илјади производи на попуст и одлична забава ве очекуваат денеска и утре на роденденската забава во салонот на Алфи Техноцентар, која се организира по повод 12-тиот роденден.