Четири средни и четири основни училишта од Куманово добија грантови од МОН Средните училишта „Наце Буѓони“, „Перо Наков“, „Сами Фрашери“ и „Киро Бурназ“ од Куманово се четири од дваесет и деветте училишта во земјава кои ќе добијат грант од Министерството за образование и наука за спроведување на активности кои ќе бидат во насока за градење на мултиетничките вредности.
За една недела 74 позитивни на ковид-19 Во Центарот за јавно здравје во Куманово во периодот од 25. до 31. јануари, регистрирани се 74 позитивни случаи на ковид-19, а во моментот има 343 активни случаи, соопштуваат од Општинскиот штаб за заштита и спасување, по денешниот состанок.
„Трнорушка“ утре и задутре во Кумановскиот театар Во Кумановскиот театар, утре и задутре ќе се игра детската претстава „Трнорушка“, во режија на Бојана Краљевска, која побуди голем интерес кај публиката.
Уапсен државјанин на Косово додека крадел пари од банкомат во Куманово Државјаниин на Косово утринава е уапсен додека се обидувал да изврши кражба на банкомат во центарот на Куманово.
Куманово има непречено водоснабдување за првпат откако постои Водостопанство, кажа Илиевски Навремена достава на вода во градот, регулирање на деловните односи со ЈП „Водовод“, расчистување на речните корита и одводните канали, како и борба со корупција и криминал во претпријатието, се четирите столба на кои се темели работењето на ЈП Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ во изминатите три години рече директорот Оливер Илиевски на денешната прес-конференција, на која даде отчет за своето работење.
Тони Димитриевски нов претседател на Здружението на угостители „Бисер“ Тони Димитриевски, сопственик на гостилница Корнер- Баба Цана е новиот претстедател на Здружението на угостители „Бисер“ од Куманово.
Еден новозаболен и 23 оздравени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 61 нови случаи на ковид-19, а направени се 678 тестирања.
Казнети 77 кумановци затоа што не носеле заштитнa маскa Седумдесет и седум граѓани на Куманово ќе се соочат со парична казна затоа што не носеле заштитнa маскa на јавен простор.
Општина Куманово за 50 отсто ги зголеми субвенциите за приклучок на гас Наместо 10.000 денари како досега, граѓаните во иднина ќе добиваат субвенции од 15.000 денари за приклучок на гасоводната мрежа во Куманово.
Затворен угостителски објект во Куманово поради непочитување на работното време Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 21.30 часот извршиле контрола во угостителски објект на улица ул.Ленинова во Куманово, при што било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време за угостителски објекти.
Претреси во кумановско, пронајдени 15 килограми марихуана Полицијата ги лиши од слобода А.С.(28) од с.Романовце, Д.Ц.(30) и Д.И.(29), двајцата од Куманово, поради постоeње основи на сомнение дека сториле кривично дело недозволена трговија со дрога.
Седум нови случаи на ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19, а направени се 1.733 тестирања.
Ковид кризата ги спушти работничките права на катастрофално ниво, велат од „Гласен текстилец“ Од почетокот на ковид кризата, март минатата година, досега повеќе од 8.000 вработени од приватниот сектор побарале правна помош од здружението „Гласен текстилец“ поради нарушени права од работен однос, а најголем процент од нив биле од секторот за производство на текстил, кожа и чевли.
Во Куманово казнети 156 возачи за брзо возење Полициски службеници од СВР Куманово во текот на вчерашниот ден на територијата на Куманово санкционирале 156 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Владата издвои 1,2 милијарди денари за рурален развој во земјоделството Владата предводен од СДСМ ја усвои програмата за рурален развој на 2021 година во вкупен износ од 1.196.817.000 денaри, обезбедени од буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, изјави советникот од СДСМ Саша Арсиќ на денешната прес-конфенција.
Комисијата за заразни болести препорача јавната администрација да продолжи да работи од дома Вработените во државната и јавната админстрација и понатаму да работат во смени, дома или во ротации, препорача Комисијата за заразни болести иако Владата одлучи на 1 февруари да се вратат на работните места.