17 новозаболени и 34 оздравени од коронавирус во Куманово Во Центарот за јавно здравје во Куманово, во последните 24 часа, регистрирани се 17 нови случаи на коронавирус и 34 оздравени.
Започна со работа затворениот градски базен во Куманово Од вчера започна со работа затворениот градски базен во Куманово, откако на пролет беше затворен поради појавата на коронавирусот.
Пронајден хашиш и приведен дилер во липковско СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Кумановските моторџии за 3,5 месеци направиле 206 прекршоци На подрачјето на Општина Куманово од почетокот на мај, па до средината на август регистирани се вкупно 206 прекршоци сторени од страна на возачи на мотоцикли.
Градоначалникот на Крива Паланка позитивен на коронавирус, Општината нема да работи една недела Вработените во Општина Крива Паланка, од денес па до 9 септември нема да работат, освен за итни и неодложни потреби, откако градоначалникот Борјанчо Мицевски информираше дека е позитивен на ковид-19.
Oпштината ќе ја ослободи втората коловозна лента на улицата „Ѓорче Петров“ Општина Куманово со свои средства ќе ја стави во функција коловозната лента на улицата „Ѓорче Петров“, на влезот во населбата „Перо Чичо“, која е блокирана повеќе од една година поради застој на изградбата на железничката пруга Куманово-Бељаковце.
Започна исплата на социјална помош за месец август Oд денеска започнува исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец август 2020 година.
25 пациенти од ковид лежат на Инфективното одделение На Инфективното одделение во Општата болница во Куманово, се лекуваат вкупно 25 пациенти позитивни на ковид-19.
Градинките ќе се отворат на 9 септември Градинките повторно ќе се отворат на 9 септември односно наредната среда по Денот на независноста, одлучи денеска Владата.
Десет новозаболени и 74 оздравени пациенти од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа во Центарот за Јавно здравје се регистрирани 10 нови случаи на заболени и 74 оздравени од вирусот ковид-19 . Од новозаболените 9 се од Општина Куманово, а 1 од Општина Липково.
Упасени тројца кумановци, кои бил дел од терористичка група МВР во соработка со Агенцијата за национална безбедност и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде оперативно тактички мерки и активности што резултираа со сузбивање односно приведување на трочлена терористичка група која делувала на територијата на Република Северна Македонија.
Германската амбасада донираше опрема за Општата болница во Куманово Општата болница во Куманово доби донација од 10 монитори, 30 пулс оксиметри и 10 кислородни концентратори, од Амбасадата на СР Германија, преку проект имплементиран од страна на Центарот за рурален развој „Бујрум“ од Куманово.
Коронакризата го намали бројот на склучени бракови во Куманово Пандемијата со коронавирусот го намали склучувањето на браковите во Куманово.
Еден новозаболен од коронавирус во Куманово Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во Куманово е регистриран само еден нов случај на коронавирус.
Цената на бензинот се зголемува за половина денар Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.8.2020 година, објави Регулаторната комисија за енергетика.
Оливер Спасовски повторно на чело на МВР Оливер Спасовски, денеска, во Министерството за внатрешни работи ја презеде фунцкијата на министер за внатрешни работи од досегашниот Агим Нухиу.