Жител на Липково вршел превоз без лиценца СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.С.(51) од село во Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.
Одложен состанокот за протоколи за настава на МОН и Комисијата за заразни болести Денешната средба помеѓу Комисијата за заразни болесни и работна група на Министерството за образование и наука, која е воедно и продолжение од вчера, е одложена за утре.
10 новозаболени и 7 оздравени пациенти од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа се направени 1885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на ковид-19 во земјата. Најмногу има во Скопје 39, Штип 23, Кичево 18, Гостивар 13 и Куманово 10.
Костовски стана пратеник, се повлече од директорското место од Службен весник Претседателот на општинската организација на СДСМ, Мартин Костовски се повлече од директорското место од Службен весник, бидејќи стана пратеник од редовите на СДСМ и колацијата „Можеме“ по одржаните парламентарни избори.
Наместо да седи во самоизолација отишол во Австрија Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.С.(50) од с.Лопате, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време не епидемија“.
Нови 16 позитивни и 28 оздравени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа направени се 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19. По градови во:Скопје 20, Куманово 16, Штип 13, Кавадарци 15, Гостивар 10, Свети Николе 5, Кичево 7..., соопштуваат од Министерството за здравство.
Горивата ќе се продаваат по иста цена Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука цените на бензините, дизелот и екстралесното масло да останат исти, а се зголемува само малопродажнaта цена на Мазутот М-1 НС.
Ќе се реконструираат пет училници во „Христијан Карпош“ Општина Куманово одвои 600.000 денари за реновирање на подовите на 5 училници во основното училиште „Христијан Карпош“, во населбата „Перо Чичо“.
Еден починат и 14 новозаболени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа се направени 1828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје 65, Куманово 14, Штип 21, Тетово 12, Велес 12, Гостивар 14...
Нови 11 позитивни и 17 оздравени од ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа направени се 1845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на коронавирус.По градови во:Скопје 51, Куманово 11, Штип 13, Тетово 10, Кавадарци 14, Гостивар 22, Македонски Брод 5...
Кумановец добитник на награда од 20.000 денари преку „МојДДВ“ Кумановец е еден од 15-те најсреќни добитници на месечните награди од по 20 илјади денари преку наградната игра МојДДВ - МојаНаграда, која ја доби на јавно телевизиско извлекување.
Мирен марш наместо блокада ќе одржат жителите на Доброшане на регионален пат Куманово-Свети-Николе Организаторите на протестот во населбата Доброшане не добија одобрение од СВР Куманово да го блокираат регионалниот пат Куманово - Свети Николе, поради што протестот ќе го искажат со мирен марш.
Во Куманово 12 новозаболени и 13 оздравени од коронавирус, во Липково еден починат Во последните 24 часа се направени 1543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје 35, Куманово 12, Штип 23, Гостивар 15...
Жртва може да биде секој од нас, жителите на Доброшане во сабота на протест Жителите на населбата Доброшане во сабота од 22 до 23 часот, во близина на бензинската пумпа, ќе го блокираат патот Куманово - Свети Николе, во знак на простест поради несовесното однесување на возачите, кои не ги почитуваат собраќајните правила во населено место и ги загрозуваат нивните животи.
24 литри дожд наврна во Куманово Во изминатите 24 часа во Куманово наврнаа 24 литри на метар квадратен дожд.
Кога ќе заврши експропријација на земјиштето ќе се гради патот Новосељане-Косматец-Мургаш Во тек е експропријација на земјиштетео во селата Новосељане-Косматец-Мургаш, по што ќе започне изградбата на патниот правец помеѓу овие три села, со средства од Светската банка, кои ги обезбеди Министерството за транспорт и врски преку проект за доделување на неповратни средства за подобрување на локалната инфраструктура во државата, велат од Општина Куманово.