НОВА РЕАЛНОСТ Моментот кој ни ја разби монотонијата во секојдневното брзање и трчање во извршување на секојдневните обврски, никогаш никој нема да го заборави.
Полицискиот час од недела од 11 часот до вторник до 5 часот Од 11 часот во недела до 5 часот во вторник ќе трае полицискиот час за претстојниот продолжен викенд за празниците Рамазан Бајрам и Свети Кирил и Методиј, одлучи Владата.
Од вторник делумно ќе се нормализира градскиот превоз во Куманово Од вторник ќе се нормализира дел од јавниот градски превоз во Куманово. Од автотранспортните претпријатија кои ја вршат оваа дејност, најавуваат дека наредната недела нивните автобуси ќе се стават во функција на граѓаните, но со редуциран возен ред и со посебни мерки за заштита од коронавирусот.
Пазарџиите ослободени од плаќање на закупнина за тезгите додека не работеа пазарите Корисниците на тезги на двата зелени пазари во Куманово, ќе бидат ослободени од плаќањето на закуп, во времето додека не работеле поради кризата со коронавирусот.
Четворица новозаболени од коронавирус во Куманово Четири нови случаи на заразени од коронавирус се регистрирани во Куманово.
Мургашанска: Предложивме родителите да не плаќаат градинка за време на корона кризата Родителите да бидат ослободени од плаќање на месечниот надомест за градинка во времето додека децата се дома поради кризата со коронавирус, ќе предложи коалицијата на СДСМ на наредната седница на Советот на Општина Куманово.
Училишната зграда на „Крсте Мисирков“ оплеменета со мурали и графити Со проектите „Еко - Графити Фест за поголема урбана свест“ и „На патот“, зградата на основното училиште „Крсте Мисирков“ е оплеменета со графити и мурали со мотивациони пораки, кои ги изработија локални и странски уметници.
Кризниот штаб бара држава да го субвенционира градскиот превоз по 30 денари од изминат километар Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Куманово, побара од државата да го субвенционира јавниот градски превоз со 30 денари по километар или да обезбеди гориво од стоковите резерви за превозниците, за да се надминат проблемите со кои се соочуваат поради кризата со коронавирусот.
Започна скринингот за коронавирус на вработените во кумановската градинка Центарот за јавно здравје Куманово денеска и утре ќе врши тестирање на КОВИД-19 на вработените во градинката „Ангел Шајче“. Таргетираниот скрининг се спроведува во просториите на установата, а ќе бидат опфатени 360 учителки, негувателки и помошен персонал од регионот.
Еден новозаболен од коронавирус во Куманово Нов случај на заболен од коронавирус регистриран е во Куманово.
Превезувал огревно дрво за Македонски шуми без лиценца СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Р.(41) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело вршење јавен превоз без поседување лиценца.
Кумановец со секира воведувал ред по дома Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.А.(32) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.
Куманово има многу висококатници, но нема хидраулична корпа за гаснење пожар Без специјално возило со хидраулична копра за гаснење пожари во висококатниците и со застарен возен парк, кумановските пожарникари го слават Денот на пожарникарството – 20 Мај.
Ако ВМРО-ДПМНЕ бега од избори, по сила на закон тие ќе бидат на 21 јуни, порача Костовски Консензус за датум за избори треба да има, но ако ДПМНЕ бега од тоа, изборите по сила на закон ќе бидат на 21 јуни, порача денеска на прес конференција претседателот на Општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Костовски.
Полициски час од сабота во 19 до вторник во 5 часот, предложи Комисијата за заразни болести Комисијата за заразни болести на денешниот состанок предложила до Владата целосно ограничување на движењето за време на претстојниот продолжен викенд за празниците Рамазан Бајрам и Свети Кирил и Методиј.
Двајца новозаболени и еден оздравен од коронавирус во Куманово Денеска во Куманово регистрирани се двајца новозаболени и еден оздравен од коронавирус.