Општина Куманово одвои 5.000 евра за поплавените Општина Куманово ќе одвои 300.000 денари, за помош на граѓаните чии домови беа поплавени во изминатите два месеци.
Подароци за вљубените во цвеќарницата “Гарден“ Срциња, рози, букети цвеќе, бомбоњери, се само дел од подароците кои можат да се најдат во цвеќарницата “Гарден“, во пресрет на празникот на вљубените Свети Валентин.
Апелација ја укина пресудата на Божиновски Апелациониот суд од Скопје ја укина пресудата на Основниот суд Скопје I Скопје, со која Виктор Божиновски (36), раководител во секторот за правни работи во Општина Куманово, е осуден на 6 месеци затвор за сторено кривично дело посредување за примање награда за противзаконито влијание.
Граѓаните несакаат билборди средe тротоар Огромни рекламни паноа „никнуваат„ преку ноќ на јавните површини во центарот на градот.
Кумановска епархија:Свети Трифун не е пијаница Од Кумановско - осоговската епархија апелираат до верниците да не практикуваат пагански обичаи за православниот празник Свети Трифун.
Прослава на Св.Трифун и Св.Валентин во Црвен Крст Во просториите на Црвен Крст Куманово утре во 11 часот, волонтерите и пензионерите од Здружение на пензионери Куманово, заедно ќе ги одбележат двата празника Св.Трифун и Св.Валентин.
За 7 милиони денари зголемена главнината во “Куманово - гас“ За 7 милиони денари е зголемена основната главнина на јавното претпријатије “Куманово гас“. Парите ќе бидат вложени за изградба на гасификациона мрежа.
Пожарната лани интервенирала 260 пати Територијалната противпожарна единица Куманово лани имала 260 интервенции, информира командирот Деан Илиевски.
Шопинг чевларски тури во Куманово Општината Куманово во договор со локалните чевларски фирми, ќе организира шопинг тури во одреден ден во неделата за граѓаните од другите градови.
Кумановскиот музеј годинава ќе реализира 26 проекти Музеј Куманово во 2015 година ќе реализира 24 проекти со финансиска поддршка од Министерството за култура, плус два капитални проекти поддржани од Владата.
Невладините организации помагаат на граѓаните без документи Дваесетина граѓани, претежно од социјално ранливи семејства, од почетокот на годината побарале помош од Центарот за ромска заедница ДРОМ за добивање на лични документи.
Стојанчо Стефановски реизбран за претседател на планинарското друштво “Куманово“ Досегашниот претседател на планинарското друштво “Куманово“ Стојанчо Стефановски ќе го води друштвото и во наредните четири години.
Крводарителска акција во „Водовод“ Во јавното претпријатије “Водовод“ утре ќе се одржи крводарителска акција.
Изложба на слики од Беди Ибрахим Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот, ќе се отвори изложба на слики од академскиот уметник Беди Ибрахим.
Јануарските сметки за струја превисоки И граѓаните на Куманово се жалат дека сметките за струја за јануари се многу повисоки од оние што биле во предходниот месец.
Парични казни за четири кумановски фирми Државниот пазарен инспекторат од 2 до 6 февруари, казни четири кумановски фирми заради пропусти во работењето.