Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13 и учесник во неколку реални шоуа, бил казнет со 10.000 динари (околу 100 евра) поради непријавен престој во Србија, а судијата за прекршоци одлучил во следните три дена тој да биде депортиран од земјата
Според информациите на весникот „Блиц“, Јовановски на Дедиње го застанала полициска контрола и му побарала документи. Меѓутоа, тој немал потврда дека пријавил престој во Србија, па, според весникот, бил однесен во Управата за странци во Белград.
Кога во системот било проверено дека не пријавил престој, полицијата согласно законот против него поднела прекршочна пријава поради непријавен престој во Србија. Судијата за прекршоци постапил по итна постапка и го казнил Боки 13 парично, но донел и одлука за протерување од Србија во рок од три дена.
Согласно законот, Јовановски прво треба да ја плати паричната казна, па дури потоа полицијата да го депортира во Македонија.
Боки 13 инаку е водител на емисија на телевизија „Пинк“.