Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Концертот кулминирал кога таа ја запеала македонската легендарна „Зајди зајди“ додека на видео бимовите позади неа се веело македонското знаме.
Балканската турбо-фолк икона, Светлана Цеца Ражњатовиќ синоќа во салата „Борис Трајковски“ го одржа првиот, од двата концерти во Скопје.
Како што пренесуваат скопските медиуми, неколку илјадната публика неуморно пеела со балканската фолк ѕвезда од почеток до крај.
Цеца на сцената се појавила во долг црн фустан кој ја истакнал нејзината фигура, по што публиката ескалирала од емоции.
Српската пејачка ги отпеала нејзините познати хитови, од балади, преку поп-фолк, па се до познатите турбо-фолк песни.
Концертот кулминирал кога таа ја запеала македонската легендарна „Зајди зајди“ додека на видео бимовите позади неа се веело македонското знаме.
Вториот концерт на Цеца е вечерва во салата „Борис Трајковски“.