×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Цеца може да остане без имот

    24.11.2010 15:12 | KumanovoNews

     Откако ќе биде подигнато обвинение за незаконска продажба на десет фудбалери на ФК Обилиќ, обвинителство во Белград ќе започне финансиска истрага против Светлана Ражнатовиќ (38), пренесува српски Блиц.

     

    Цеца може да остане без имот

    Неминовно е по подигање на обвинението да уследи и барање за финансиска истрага по Законот за одземање на имот стекнат со криминал. Присутни се сите елементи за таа истрага да биде подигната и на Светлана Ражнатовиќ и се заканува одземање на имотот“, вели извор на Блиц запознаен со истрагата.

    Светлана Ражнатовиќ, како што објави српскиот медиум, наредните денови ќе биде обвинета дека со злоупотреба на положбата се стекнала со 235 милиони динари од продажбата на фудбалерите на ФК Обилиќ. Законот за одземање на имот стекнат со криминал се однесува и на кривични дела злоупотреба на службената положба, како и на сите кривични дела во кои обвинетиот се стекнал со повеќе од милион и пол динари.

    Посебната единица на полицијата за финансиски ситраги се уште не го испитувала имотот на фолк пејачката, бидејќи истото не може да го стори без налог на обинителството.