Д.Н.О. во Куманово
09.08.2010 09:14
| KumanovoNews
Скопскиот состав Д.Н.О. (Друштво со неограничена одговорност) во недела ќе настапи во Куманово. На 13 август ќе свири во кумановскиот „Касапски круг“, каде што ќе настапи и „ПМГ колектив“.

Групата од неодамна е во нов состав: Дарко Мучев - Мучо (бас), Сашо Спасовски - Корокер (гитара), Михаил Парушев-Мичи (тапани) и Владимир Поп Христов - Мио (вокал).
По шест години пауза од првото издание „Тишина“, бендот работи на нов материјал.