Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Благодарение на пластичната операција која чинела 260 илјади евра, позната актерка Деми Мур изгледа како својата ќерка Талила Бел (16).Мајката и ќерката седеле една покрај друга на неодамна одржаната модна ревија во Бразил.
Тие повеќе изгледале како сестри и било тешко да се воочи разликата во годините, помеѓу тинејџерка и 48-годишната глумица. Двете носеле облека во природни тонови која ги откривала нивните нозе. Ќерката не заостанувала по гламурозноста од својата мајка, која како и повеќето холивудски звезди сакаат да ја сочуваат младоста што повеќе. Гламурозните дами го засениле сопругот на Деми, Ештон Кучер (38), кој учествувал на модната ревија. Атрактивната глумица ги оставила присутните без здив кога се појавила со блескава долга коса како сомот, во тесен фустан, златни чевли со високи потпетици и ташна во истата боја.