Мени

Џоли е стара, се бара нова Лара Крофт

09.03.2011 13:44 | KumanovoNews

 Десет години после првиот дел ќе се снима продолжение на акциониот филм „Томб Рајдер“, во кој „оделото“ на сексипилната авантуристка Лара Крофт, која ја играше фаталната Анџелина Џоли, ќе го облече некоја друга актерка

 
Џоли е стара, се бара нова Лара Крофт

 И покрај тоа што нејзините постери и денес стојат залепени во некои машки соби, најверојатно глумицата нема да се појави во новото продолжение.

Имено, режисерот распишал аудиција за нова актерка, а се шпекулира дека улогата нема да и биде понудена на Џоли бидејќи е престара, а не поради високите хонорари кои почнала да ги добива во последните неколку години.

Режисерот Грахам Кинг, како што тврди близок извор, наводно не ни размислувал за тоа дали повторно да ја ангажира 35-годишната глумица. Интересно е како Анџелина по филмот се појави и како лик во видеоигрите „Lara Croft: Tomb Raider“ и „Lara Croft: Tomb Raider - The Cradle od Life“.