Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Анџелина Џоли и Бред Пит се зафатени со тајни подготовки околу нивната венчавка, која ќе се одржи според хинду обичаите на почетокот на следната година во Џодпур, град во индиската држава Раџастан.
Индискиот весник „Тајмс оф Индија“, повикувајќи се на неколку интернет портали тврди дека славната холивудска двојка ќе се венча според свадбениот хинду ритуал „ферас“, кој се состои од кружење околу светиот оган. Церемонијата ќе ја води нивниот духовен советник, Рам Лаи Сијаг.
Осумдесет и четири годишниот гуру не сакаше ниту да ја потврди, ниту да ја демантира оваа вест, иако добро информирани извори изјавија дека подготовките за свадбата се при крај.
Според исти извори благодарение на јогата, која секојдневно ја практикуваат и на изговарање на мантрите, кои им ги одредил нивниот гуру, двајцата познати актери постигнале мир и хармонија и ја зацврстиле својата врска, па сега се подготвени да стапнат на „лудиот камен“.