×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Енрике Иглесијас и Ана Курникова тајно се венчале

    21.11.2010 17:14 | KumanovoNews

     Поп пејачот Енрике Иглесијас (35) и руската тенисерка Ана Курникова (29) наводно тајно се венчавале, пренесува „Дејли Мејл„. Познатата двојка веќе 8 години е заедно.

    Енрике Иглесијас и Ана Курникова тајно се венчале

     Шпекулациите за венчавката започнале кога во јавноста се појавиле фотографии на Курникова со веренички прстен и бурма на рака.

     Младиот Иглесијас и тенисерката во петок вечерале во еден холивудски ресторан, а фотографите ги сликали на излез. На фотографиите јасно се гледаат прстените.

    Двојката е заедно веќе осум години, и во медиумите често се појавуваа приказни за нивна тајна веридба или венчавање, но никој од нив никогаш официјално не го потврдил.

    Курникова на едно гостување во шоу програм рекла дека бракот нема поента, а и Иглесијас за медиумите изјавувал дека нема намера да се ожени.

    Ана покрај со тенисот се занимава и со манекенство, а глумела во спотот на нејзиниот сакан.