Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ева Лонгодија, од серијата „Очајни домаќинки“ поднела молба за развод од сопруг Тони Паркер.
Во молбата за развод 35-годишната актерка како причина за развод ги навела неверството и „ненадминливите разлики“ меѓу сопружниците.
Со голема тага објавуваме дека по седум години заедно јас и Тони решивме да се разведеме. Многу се сакаме и се молиме секој од нас да е среќен, гласи соопштението, кое Лонгорија го постави на својот Facebook профил.
Според тв-шоуто Екстра, причината за развод, меѓутоа, е неверството на познатиот кошаркар. Пријател на актерката изјави во емисијата дека актерката му кажала оти во телефонот на сопругот открила стотици смс пораки, испратени од друга жена. Лонгорија исто така кажала оти Паркер и претходно ја изневерувал.
Лонгорија и Тони Паркер се венчаа во 2007 година на блескава церемонија во француски замок, по неколкугодишна заедничка врска.