Евросонг 2011 во Дизелдорф
Германскиот град Дизелдорф ќе биде домаќин на натпреварувањето за песна на Евровизија 2011, соопшти германскиот национален јавен сервис (НДР).

Во конкуренција со Берлин, Ханбург и Хановер, Дизелдорф доби најмногу гласови да биде организатор на популарното натпреварување.
Градот во Северна Рајна Вестфалија, најбогатата и најбројна германска покраина ќе биде домаќин на наредниот Евросонг во состав на кој ќе се одржат три вечери во директен пренос-две полуфиналиња на 10 и 12 мај и финалната вечер на 14 мај.
Оваа година на натпреварувањето за песна на Евровизија,што се одржа во норвешката престолница Осло, победи преставничката на Германија Лена Мејер-Ландрут (20) со нумерата „Сателит„, која беше хит во неколку европски земји.