Мени

Гитарите на Ерик Клептон на аукција

05.03.2011 14:21 | KumanovoNews

Славниот музичар и рок гитарист Ерик Клептон следната недела ќе ги понуди своите седумдесет гитари и исто толку појачала.

Гитарите на Ерик Клептон на аукција

Приходот од неговите инструменти е наменет за неговиот центар за одвикување од алкохјолот и дрогата на островот Антигва.

Се очекува дека најголем интерес ќе предизвика црниот Фендер стратокастер, гитара со која Клептон настапуваше со групата Крим во 2005 година во Њу Јорк и Лондон. Таа е проценета помеѓу 20000 и 30000 долари.

Шеесетипет годишниот рокер е прогласен за четврти гитарист на сите времиња од списанието „Ролингстон“.