Мени

Гласајте за ЕP10!

30.08.2011 10:56 | KumanovoNews

Кумановската група ЕР10 која во четвртокот настапи со три авторски песни во музичката емисијата „Garage Revival„ на Алфа ТВ се бори за главната награда во финалето на емисијата.

Гласајте за ЕP10!

Доколку бендот добие најголем број на гласови ќе освои сет музички инструменти, снимање на албум и организирање на концерт. Сите кои сакаат да дадат подршка и свој придонес во афирмација на младите музичари, можат да гласаат на телефонскиот број 14 12 14 со текст GR 01.Гласањето трае до четврток.

Групата EP10 се поранешни KuRiders, а го сочинуваат Александар Краљевски - гитара, Данило Секуловиќ - бас гитара, Милош Краљевски - тапани и Дарко Трајковски - вокал.  Групата  имала бројни настапи во Скопје, Куманово, Битола, Охрид и во Загреб во клубот SAX. Свои свирки имаат често во локалитетот Касапски круг.