Холивуд снима еден ист филм
05.09.2011 10:57
| KumanovoNews
Френсис Форд Копола, почестниот претседател на фестивалот на американскиот филм во Довил, Франција, го критикуваше Холивуд бидејки сериски произведува еден ист филм.

Денеска независниот филм е големо одличје на филмот, а не комерцијалниот кој стално снима еден ист филм - изјави Копола во разговор со публиката.
Кината донесуваат средства кои тие ги контролираат, и не сакаат филмот да бидне слободен, бидејки тоа ништо нема да значи за нивниот бизнис - изјави добитникот на многубројни награди меѓу кои два оскара и две Златни палми.