Мени

Иркињата фаворит за мис Универзум

23.08.2010 10:07 | KumanovoNews

 Според англиската обложувалница Иркињата има најмногу квоти, а одлично котираат и претставничките на Филипини и Мексико.

Иркињата фаворит за мис Универзум

 Претставничката на Ирска Розна Пурсел е најголем фаворит за победа на натпреварувањето за мис на универзумот, кое вечерва се одржува во Лас Вегас. Според англиската обложувалница Иркињата има најмногу квоти, а одлично котираат и претставничките на Филипини и Мексико.

 Розана Пурсел е родена 1991 година и до пред десетина дена не беше во најтесниот круг на фаворити, но шансите драстично и се зголемиле во последните неколку дена.Розана студира политички науки во Даблин, а интересно е што нејзиното семејство е сопственик на една од најпознатите ергели во Ирска.