Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Крунослав Киќо Слабинац од Хрватска и групата „Гарави сокак„ од Србија се звезди на годинешниов седми Меѓународен фестивал на тамбурашки оркестри во Куманово.
На фестивалот ќе настапат и други тамбурашки оркестри од двете земји и домаќините од Куманово. Фестивалот ќе трае два дена, во петок и сабота на Градскиот плоштад, а концертите ќе почнуваат во 20.30 часот.
Секоја вечер ќе биде посветена на поднебјето од каде доаѓаат гостите. По традиција првата вечер фестивалот ќе го отворат Кумановски тамбураши, а потоа следува Славонска тамбурашка вечер, каде ќе настапат Крунослав Киќо Слабинац и тамбурашкиот оркестар „Бекрије„ од Пожега Р. Хрватска. Втората вечер е насловена како Војвоѓанска тамбурашка вечер на која ќе настапи оркестарот на Гарави Сокак и оркестарот „Романса„ од Нови Сад. Станува збор за многу квалитетни изведувачи и затоа ги повикуваме сите љубители на убавата тамбурашка музика и песна да не ја пропуштат манифестацијата- вели Нино Величковски, директор на Агенцијата за култура и спорт.
Тамбурашкиот фестивал го организира локалната самоуправа на Куманово и секоја година се носат звучни имиња од светот на тамбурашката музика.