×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Крејн мјузик фестивал„ во Соколана

    01.10.2010 06:59 | KumanovoNews

     „Крејн мјузик фестивал„ е целовечерен настан, кој во недела ќе се одржи во салата „Соколана„. Ќе настапат групите „Фолтин„,„Т.Б. Трачери„, „Килд бај 9В батерис„ од Австрија, канадскиот артист „Олдсит„, „Курири„ од Србија и „Саунд полушн„ од Куманово.

    „Крејн мјузик фестивал„ во Соколана

     Фестивалот има за цел да ја збогати оскудната културна програма во нашиот град и на младите да им пружи квалитетна, а сепак не толку експонирана рокенрол музика. По долата апатија и замрена музичка сцена, Здружението „Кран„ се обидува да го врати имиџот на Куманово како град кој е центар на андерграунд музиката, место каде што можат да се видат и слушнат квалитетни бендови и град кој дише во ритамот на рокенроллот.Во Куманово во не толку далечното минато имаше неколку големи рок фестивали, jazz фестивал, гитаријади, а од градот потекнуваат и неколку големи рок бендови на македонската андерграунд култура, но во моментот во поглед на музиката не можеме да се пофалиме со никаво случување. Плашејќи се Куманово да не се претвори целосно во град на кич, шунд и некултура, „Кран„ се реши да превземе нешто и на тоа поле - велат во своето соопштение организаторите.

    Тие ги повикуваат граѓаните да поддржат нивната иницијатива и да докажат дека во градот сеуште има место за квалитет и публика која ја цени и разбира музиката, и сака да слушне нешто ново.

    Фестивалот започнува во  неделa во 18.30 часот, а цената на влезниците 150 денари во претпродажба и 200 денари на врата.