Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановските тамбураши и Нино синоќа одржаа одличен годишен концерт во Младинскиот културен центар во Куманово.
Два часа публиката уживаше во убавата тамбурашка музока и песна и македонски изворни песни, проткаени со звуците на тамбурата. Присутните не ги штедеа дланките и ги наградија со голем аплауз.
Иако беше најавено гостувањето на оперскиот пејач Борис Трајанов, тој не се појави на концертот поради здравствени причини. Гостин беше фолк-пејачот Миле Кузмановски и Маргица Антевска кои испејаа по три песни.
По завршувањето на концертот дружењето продолжи во ресторанот Баба Цана. Задоволни од концертот до 1 часот по полноќ, тамбурашите направија одлична журка не само за нивните пријатели, туку и за сите гости кои беа присутни во кафеаната.