Лима ќе носи дијамантски градник
04.10.2010 15:05
| KumanovoNews
Супермоделот Андријана Лима на идната ревија на Викториас Сикрет ќе носи дијамантски градник вреден три милиони американски долари.

Градникот што ќе го носи 29 - годишната бразилска убавица, е уникатен, а на него се наоѓаат речиси 2.000 дијаманти.
Минатата година три милионскиот градник „Harlequin Fantasy“ на ревија на Викториас Сикрет имаше чест да го носи занесната Мариса Милер. Лима на модните писти се врати откако минатата година ја роди својата ќерка Валентина.