Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановскиот рапер Мартин Димиќ-Мац (20) на есен ќе го промовира својот прв албум ,, С'с тек на време”, кој ќе содржи 12 песни на кумановски дијалект. Во песните го раскажувам својот живот, односно она што му се случувало некогаш и денес.
Повеќето од песните се посветени за посебни личности од моето секојдневие, додека мојата омилена песна е ,, С'с тек на време”, поради која и албумот го доби името. За време на снимањето соработував и направив дуети со моите блиски пријатели и колеги Л.Е.Ф. , Мастер, НДС, Кенгур, Шваба и Непознат проект кои ќе се најдат на првото цеде. Деновиве ги завршувам последните подготовки околу албумот во студиото на „Алијанса рекордс„ со помош и поддршка на „Катакомба тим„ - вели Мац.
Промоцијата на албумот ќе се одржи во некој од локалите во Куманово,а ќе биде прикажан и спотот за песната ,,Фала”.
Промоцијата ќе ја отвори ди џеј и две девојки ќе ја загреваат атмосферата со играње брејк денс, додека од страна ќе има и смоук машина за кревање на адреналинот. Влезот ќе биде бесплатен, а новото цеде ќе се продаваат за 100 денари. Се на се добра музика и одлична забава - ветува Мартин.
Текстовите за албумот ги пишувал самиот, а најголема благодарност должи на неговите колеги и другари Л.Е.Ф.и Мастер. Се надева дека ќе најде4 спонзори кои ќе вложат во неговота ЦД затоа што смета дека е квалитетен рапер во кој вреди да се инвестира.
Имам огромна поддшка од луѓето околу мене и моите родители, посебно од раперот Тајсон кој одвои од своето време да ги преслуша моите песни и беше презадоволен од сработеното, по што ми порача да не се откажувам, бидејќи имам талент кој треба да го искористам.
Освен во Куманово има настапувано и во Велес и Штип. Приватно не сака да излегува,туку повеќе сака да седи во домашна атмосфера со својата девојка во која е вљубен до уши. Во животот сака да биде милионер, а планира и професионално да се занимава со рап.
Мразам неквалитетни пејачи што се преценуваат, а не вредет пет пари, а ги почитувам постарите и квалитетни рапери како што се Тајсон, Дац, Шваба, РНС И Легијата. За крај на младите ќе им порачам дека идолите се за почитување а не за копирање - вели Мац.
К.Краљевска