Мени

Мона Лиза, всушност, е момче!?

03.02.2011 18:39 | KumanovoNews

Славниот италијански ренесансен сликар Леонардо да Винчи го насликал портретот на Мона Лиза според ликот на едно момче, кое било негов соработник и помошник при работата и најверојатно и негов љубовник, пишува „Дејли Телеграф“, повикувајќи се на тврдењата на италијанскиот историчар на уметноста Силвано Винцети

 
Мона Лиза, всушност, е момче!?

Најголемиот број од светските експерти по уметност верува дека на жената со загонетната насмевка на сликата е Лиза Џерардини, сопруга на еден трговец за свила од Фиренца.

Но, историчарот Винцети смета дека тоа е погрешно и дека зад женскиот портрет се крие ликот на младиот Џан Џакомо Капроти. Тој дошол во куќата на Да Винчи уште како дете на само 10-годишна возраст и останал кај него да живее и работи во следните 20 години.

Винцети тврди дека ликот на Капроти се среќава и на други слики на ренесансниот мајстор, посебно истакнувајќи го ремек делото Свети Јован Крстител. На таа слика, главниот лик е направен како млад, слаб и малку женствен лик на момче, што е сосема налик на изгледот на помошникот на Да Винчи.

Повеќе други експерти во ликовната уметност и познавачи на ренесансното сликарство се скептицни кон ваквото тврдење на Силвано Винцети. Претходно, некои историчари на уметноста веруваа дека Мона Лиза е всушност преправен автопортрет на славниот сликар, како и дека на портертот е прикажан ликот на мајката на Леонардо да Ванчи.