×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Непознат проект: Кумановската публика е најдобра, но не знае да се забавува

    26.08.2010 14:20 | KumanovoNews

    Кумановските рапери Бојан Стојковски - Непознат проект и  Даме Јовановски - Д.Х.Ц. веќе подолго врeме опстојуваат на македонската рап сцена. Познати уште и како „Катакомба теам„ прават одлични журки каде и да гостуваат. 

    Непознат проект: Кумановската публика е најдобра, но не знае да се забавува

    Иако во своите песни ја пеат темната страна на животот и потсетуваат на лоши момци, на кафе муабетот ги урнаа сите стереотипи за раперите и се покажаа како љубезни, искрени и отворени да зборуваат за секоја тема. 

    Што и недостасува на кумановската рап сцена?

    Фалат „саглам” рапери, всушност фалат таленти. Но, има луѓе кои навистина знаат да рапуваат и вредат, но тие се малку на број. Ама пак без другите нема да е интересно. Но, најмногу од се не нервира што ретко некој рапер да почне да рецитира од душа и да почне на шега да пишува текстови, туку тоа го прави за биде позната фаца и виден од другите.

    Каде публика досега најдобро се покажала?

    Сме настапувале скоро секаде,во Крива Паланка, Штип, Велес, Скопје,Куманово, приватни забави, клубови, кафиќи, но сепак она што е наше е најдобро. Најдобра, но сепак не знае да се забавува. Никој не доаѓа заради музиката и не умее да се издува од играње на битовите, туку само стои здрвено. Секој доаѓа за да биде виден и потоа да објави на фејсбук дека бил присутен или пак ќе дојде затоа што неговата/нејзината симпатија е во публиката.

    Како реагирате на коментарите од публиката?

    Не одговараме на провокации, но почитуваме било каква критика. 

    Кој е подобар во рапот: женските или машките?

    До сега ниту едно женско нема остварено рап кариера. Кај нас за жал нема раперки. Но, би сакале да има, сепак треба, зошто да не. Инаку да нагласиме, женските повеќе слушаат и почитуваат рап.

    Со кој од нашите рапери се имате закачено?

    Со Тони Зен си имаме упатувано погрдни зборови. На почетокот кога почнавме со обединувањето со „Оне Блоод“ се каравме, но сега сме супер другари. Исто така и дуото „Подземен ефект“  преку песни се „р`чкаат“, но не обрнуваме внимание. Со останатите рапери како што се Скипи, Оне Блоод, Арени Мусаши, Алијанса имаме снимено дуети кои на јутуб се со повеќе од 10 000 илјади прегледи.

    Што следно да очекуваме од вас?

    Планираме заеднички албум во следниот период. Двајцата сакаме да поработиме на соло кариера. Боко ќе спрема нов албум кој ќе биде насловен како П.С. Во исто време Даме го довршува своето студио, кое што е отворено за сите кои сакаат да се пробаат во музиката. Воедно тоа е аудио и видео продукција кадешто снимањето на песна само чини 800 денари, а за спотот пари по договор. Ние не сме љубители на дрогата,па поради тоа Бојан спрема песна за дрогата во поразличен стил од досегашните траки.

    К.Краљевска