Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изготвена е програмата за чествувањето на празникот и се очекува да биде прифатена од Советот на Општината .
Во чест на Денот на ослободувањето на градот, 11 Ноември во Куманово во предвечерјето на празникот целовечерен концерт на градскиот плоштад ќе одржи босанската ѕвезда Харис Џиновиќ. Изготвена е програмата за чествувањето на празникот и се очекува да биде прифатена од Советот на Општината. Две недели за граѓаните на Куманово ќе се реализират концерти, изложби и спортски манифестации , а централен гост ќе биде Џиновиќ.
Секоја година локалната самоуправа изготвува програма за одбележување на празникот, а од минатата година започна одбројувањето до големиот јубилеј 500 години од постоењето на градот. За граѓаните оваа година ќе пее Харис Џиновиќ кој се надевам одлично ќе биде прифатен од публиката. Хонорарот на пејачот ќе изнесува 15.000 евра од кои 10.000 ги покрива буџетот на Општината , а останатите бинисмените на градот. Оваа бројка е официјална и се надевам дека медимите нема повеќе да шпекулираат со неа - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Минатата година за празникот кумановци ги забавуваше легендарниот Момчило Бајагиќ - Бајага, а до сега во Куманово гостувале повеќе звучни имиња од музчкиот простор на поранешна Југославија како што се Петар Грашо, Јелена Розга , Борис Новковиќ , Северина , Хари Мата-Хари .