Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Програмата на новата телевизија која ќе се вика „Пинк 15„ стартува овој петок. Во меѓувреме се нагаѓа кој би можел да седне на чело на розовата македонска телевизија.
Жељко Митровиќ, сопственик на ТВ Пинк, се откажал од купување на телевизијата Алфа и ја купил скопската телевизија „К 15„.
Како пренесува српски Блиц, екипа на правници и финасиски контролори извршиле ревизија во работењето на ТВ Алфа и откриле повеќе милионски минус на сметките на оваа куќа.
Тоа била причината челниците на Пинк да ги прекинат преговорите со ТВ Алфа и се одлучиле за помалечката, но стабилна „К 15„.
Програмата на новата телевизија која ќе се вика „Пинк 15„ стартува овој петок. Во меѓувреме се нагаѓа кој би можел да седне на чело на розовата македонска телевизија.
Како сериозни кандидати за главен уредник се спомнуваа Ивона Талевска од Сител и Бојан Јовановски, Боки 13 за забавната програма.