Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Филип Стојановиќ (16) од Куманово ја доби титулата крал на трубата на петиот Фестивал на дувачки оркестри „Рома труба Фест“ што синоќа се одржа на Градскиот плоштав во Куманово и беше награден со круна и труба.
Не се надевав на оваа награда и пријатно сум изненаден. Сега видов дека годините не се важни за да успееш. Оваа награда ќе ме поттикне понатаму, посериозно да се занимавам со музиката. За идни планови сеуште не размислувам и не знам во моментот што и како, бидејќи сум во шок. Ја поздравувам организацијата и се надевам дека „Рома Труба Фест“ ќе ја продолжи традицијата уште долги години - возбудено изјави Филип.
За најдобар тапанар беше прогласен Јусуфов Ферди, кој доби тапан.Со златна статуетка се закити најдобриот оркестар за оваа година „Џамбо Агушев“ од Струмица, второто место го доби оркестарот „Млади Агушеви“ од Струмица, оркестарот „Левис“ од Виница си замина со бронзена стауетка.Останатите учесници добија плакети за учеството на фестивалот и натпреварувањето.
Многу сме радосни што и оваа година смогнавме сили да го релизираме фестивалот и да продолжи да се негува ромската култура и традиција во Куманово.Задоволни сме што се собра бројна публика која ќе може да ужива во изведба на дувачките оркестри од Македнија и на гостите од Србија - вели директорот на фестивалот Самет Салиевски.
Специјални гости на овогодинешниов „Рома труба Фест“, беа македонската фолк ѕвезда Благица Павловска,која го отвори фестивалот со химната на Ромите „Џелем, џелем“ во придружба на кралот на ромската музика Ферус Мустафов. Во ревијалниот дел настапија српските оркестри „Бојан Ристиќ” и „Бакија-Екрем Мамутовиќ“ - победници на Гуча 2010.
Настапувам често во Куманово, на најчесто на свадби ме викаат да свирам. Со сигурност можам да кажам дека кумановци се највеселите луѓе и највеќе ги ценат и уживаат во трубачите или ромската музика. Ја поздравувам оваа манифестација и дај боже и понатаму да продолжи да се одржува - задоволно изјави Ферус.
Најголемиот „виновник” за одржувањето на Фестивалот е подршката на градоначалникот, кој Ромите го нарекуваа Вујче. Ни синоќа не изостанаа скандирањата кога ја поздрави публиката.
Општината Куманово секогаш ги помага помалите етнички заедници да го презентираат културното наследство, а оваа вечер како дел од кумановско културно лето ја посветивме на културата на Ромите.Продолжуваме со традицијата на негување на ромската музика и одвоивме финансиски средства за реализација и на фестивалот - рече Дамјановски.
Манифестација се одржа под покровитество на Советот на општината, а ја помогна и Министерството за култура. Настапија девет дувачки оркестри од повеќе градови од државата, а организатор е ансамблот на ромски игри и песни „Рушит Шакир“ од Куманово. годинешниов фестивал ќе биде издадено ЦД.
К.К.