Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во кафе-барот Версај, младиот пејач Бојан Алексовски, викендов го промовираше своето прво цеде „Се што сакаш ти„. Во пријатна атмосфера и голем број на пријатели и обожаватели на Бојан, беа претставени новите песни испеани на македонски и хрватски јазик.
Одлично испадна промоцијата. Имаше фина атмосфера, многу луѓе и задоволен сум од својот настап. Промоцијата во Скопје беше официјална за медиуми, додека овдека повеќе беше за пријателите, роднини, друштвото, така да сум задоволен од двете промоции. Би сакал на македонската публика да и се допаднат песните и да бидат слушани, останатото е до нив - изјави Бојан.
„Се што сакаш ти„ е во поп-стил со 9 љубовни песни и балади, наменето првенствено за тинејџерската публика.На него работеле познатите Григор Копров, Роберт Билбилов, Бојан Ѓошевски, Валентино Скендеровски по текстови на Огнен Неделковски. Бојан отпеја неколку нови песни, а на сите посетители на промоцијат им подари потпишано цеде. Присуствуваше и неговиот менаџер и текстописец Огнен Неделковски.
Бојан има голем потенцијал како интерпретатор и пејач. Тој успеја за кратко време да учествува на сите македонски фестивали и да издаде албум на македонски и на хрватски јазик и се надевам дека за неколку години ќе стане едно од позначајните имиња на балканската сцена. Лани во март се запознавме со Бојан Алексовски и неговиот татко Марјан, а главниот виновник за нашата соработка е Нино Величковски - изјави Огнен Неделковски.
Бојан годинава ќе учествува на изборот за песна на Евросонг на Хрватска Дора.
Досега настапувал на Охрид-фест каде ја добил награда за најдобар дебитант со песната „Kрај“, на Макфест со песната „Те покривам со љубов“, на македонскиот Евросонг, а пред два месеци настапил и на престижниот фестивал „Златне жице“ во Пожега, Хрватска.