Мени

Промовирано првото ЦД на „Гезме„

10.02.2011 11:34 | KumanovoNews

Цедето содржи познати македонски народни песни, во тамбурашки аранжмани, што ги испеејаа познати фолк ѕвезди, кои беа дел и од промоцијата.

Промовирано првото ЦД на „Гезме„

Ако сте во Хрватска одите на фешта, ако сте во Босна на дернек, во Србија на матине а во Македонија одите на гезме. Вака членовите на кумановската тамбурашка група "Гезме" ја почна промоцијата на нивното прво цеде "Тамбурите на Гезме" завчера во етно ресторанот "Визијана" крај Куманово. Цедето содржи познати македонски народни песни, во тамбурашки аранжмани, што ги испеејаа познати фолк ѕвезди, кои беа дел и од промоцијата. На цедето пеат Наум Петрески, Атина Апостолова, Благица Хаџи Павловска, Миле Кузмановски, Нино Величковски...

Помагатели на цедето се Советот на општина Куманово и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.