Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Хрватскиот пејач Крунослав Киќо Слабинац (67), за првпат пееше во Македонија на тамбурашкиот фестивал во Куманово, откако пред шест месеци преживеа мозочен удар, кој за среќа не оставил големи последици по неговото здравјето.
Неговите здравствени проблеми и најтешките моменти од животот, тој на многу духовитит и оргинален начин, ги сподели со кумановската публика. На концертот неколку пати повтори дека веќе бил кај "Св. Петар", кој несакал да го прими и го вратил меѓу живите затоа што имал долгови преку глава.
Јас во февруари имав мозочен удар, но фала богу сега сум добро, се извлеков и помалку работам. Бев кај "Св. Петар", но тој ме избрка. Не сакаше да ме прими на небото. Ми рече да се вратам на земјата и прво да се раздолжам, па дури тогаш да умрам како човек. Се надевам дека оваа температура нема да ми пречи, бидејќи се работи за голема промена. По патот се прибрав во собатата, а покрај хотелот каде што сум сместен има и амбуланта, но, се надевам дека се ќе биде добро и нема да ми затреба. Верувам дека од мојата публика некогаш има доста живи кои вечерва ќе уживаат во мојата музика-рече на шега Киќо.
Киќо Слабинац рече дека последен пат во Куманово пеел во седумдесетите години на голема турнеја низ Македонија. Концертот во Куманово беше насловен "Од рок до беќарац", на кој во првиот дел беше изведена тамбурашка музика, а во вториот се пееше музика од седумдедсетите како и најголемиот хит "Због једне дивне црне жене".
Знете дека бев рокер и пејач на забавната музика, но на почетокот заедно ја негував и тамбурашката музика, која во седумдесетите години беше турната на маргините на музичките случувања. Мојата цел беше да се врати тамбурицата на местото кое и припаѓа и успеав во тоа. Издадов десетина тамбурашки албуми и среќен сум поради тоа- рече Слабинац, кого кумановци го пречекаа со овации.