Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Групата „Легенде“ од Нови Сад и Мерима Његомир од Белград се годинешниве ѕвезди на шестиот Меѓународен тамбурашки фестивал кој ќе се одржи во петок и сабота вечер на плоштадот во Куманово. На Фестивалот на тамбурата на двете фестивалски вечери ќе настапат реномирани ансамбли од земјава и странство.
Се потрудивме и оваа издание на феситавалот да добие на тежина со квалитетни имиња од бившите ју-простори, како што беше минатата година со Ѕвонко Богдан кој во Куманово привлече публика од над 15.000. Организиравме место за седење за околу 1000 лица од кои 500 со маси на кои граѓаните ќе може да се послужуваат од шанковите со пијалоци и храна. Се е подготвено за тамбурашкото дружење и се надевам дека ќе останат запаметени и овие две фестивалски вечери - изјави Жика Крстевски, органзациски директор на Фестивалот и началник на секторот за култура.
Во рамките на Тамбурашкиот Фестивал на двете вечери пред публиката ќе настапат осум реномирани оркестри од просторот на поранешна Југославија.
Целата ни да донесеме повеќе гости од различни држави за да се почувствува колоритот на музиката. На првата вечер ќе настапи групата „Ѓезме“ од Куманово, потоа „Кумановските тамбураши“ и на крајот групата „Легенде“, која ќе одржи двочасовен концерт. Втората вечер е резервирана за КУД „Иво Лола Рибар“ од Белград со Мерима Његомир, потоа оркестарот „Штипски мераклии“ од Штип, „Црногорски тамбураши“ од Подгорица Црна Гора, „Петрови Тамбураши“ од Шемпетра Савинска долина, Словенија и Тамбурашката школа „Баторек“ од Осијек, Хрватска - вели уметничкиот директор на фестивалот Нино Величковски.
На фестивалот се очекува да присуствуваат посетители од градот и регионот, како и претставници од дипломатскиот кор на земјите учеснички на фестивалот.
Ова е главната манифестација од овогодишнното Кумановско културно лето за која од буџетот на Општината се одвоени 600.000 илјади денари. Целта на организаторот е да се возобнови тамбурашката традиција во Куманово и во Македонија, кој влече корени од далечната 1917 година.