Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонскиот гитарист и српскиот виолинист со светска кариера одржаа три преполни концерт во Сава центарот во Белград во декември
Влатко Стефановски, заедно со виолинистот Стефан Миленковиќ го доби српскиот Оскар на популарноста за најдобар концерт, на гала манифестацијата која се одржа завчера во Белградскиот Сава центар.
Легендарниот гитарист заедно со српскиот виолинист со светска кариера одржаа три преполни концерт во Сава центарот во Белград лани во декември. Во конкуренција за Оскар беше и поп-ѕвездата Каролина Гочева, во категоријата "Ју оскар", заедно со "Парни ваљак" и Џибони. Наградата ја добија "Парни ваљак".
Манифестацијата е една од најпопуларниоте во регинот со традиција која трае повеќе од 20 години. Оскарите на популаноста се доделуваа за најпопуларните пејачи, групи, филмови, актери, спортисти и Тв лица. За најдобра поп-пејачка е избрана Наташа Беквалац, за поп- пејач Сергеј Ќетковиќ, за фолк пејач Харис Џиновиќ, за спортист Новак Ѓоковиќ, а за спортистка Јелена Јанковиќ.
Манифестацијата ја водеа популарните српски актери Слобода Миќаловиќ- Ќетковиќ и Никола Ѓуричко.