Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со тамбураши од Славонија и Војводина, и познатите ѕвезди Крунослав Киќо Слабинац и групата Гарави Сокак, помина годинешниов седми меѓународен тамбурашки фестивал.
Во две вечери, публиката на Градскиот плоштад имаше можност да ги чуе најубавите тамбурашки песни и романси, и да ужива во хитовите на Киќо Слабинац и Бане Крстиќ. Организаторите се задоволни од понуденото и велат дека веднаш ќе започнат подготовките за наредниот фестивал.
Киќо Слабинац направи празник за душа, отпеа одлично со тамбурашите „Бекрии„ од Пожега, на Славонската тамбурашка вечер. По реакциите на публиката се гледаше дека беа задоволни од понуденото. Новосадската вечер со настапот на групата „Романса„ од Нови Сад и Гарави сокака исто така беше извонреден - рече Нино Величковски.
Фестивалот го отворија Кумановски тамбураши, а настапи и октетот Куманово во чест на неодамна починатиот композитор Миодраг Божиновски Мичо. Гостите добија признание од организаторот на фестивалот.