Тамбурашки фестивал на Голема Богородица
13.08.2010 11:36
| KumanovoNews
Меѓународен тамбурашки фестивал годинава ќе се одржи на 27 и 28 август.

На двете фестивалски вечери ќе настапат повеќе тамбурашки групи од земјава и странство. Специјални гости на фестивалот се групата Легенде од Нови Сад и српската пејачка Мерима Његомир. Шестиот фестивал ќе се одржи на Градскиот плоштад, а покровител на манифестацијата е Локалната самоуправа Куманово.