Tyzze и Skip со нов спот
Спотот за песната „Играј„ на кумановците Tyzze i Skipi вечерва ќе биде промовиран во дискотеката Хард Рок во Скопје.

Авторите велат дека станува збор за модерен и атрактивен спот во кој покрај Tyzze i Skipi учествуваат многу млади и згодни девојки, но и DJ Spejko.
Ова е прв наш спот, но се надевам дека е само почетокот на убавите случувања во нашата музичка кариера. Со него се создава можност подобро да се претставиме пред македонската јавност.Нема да застануваме тука и во план е спот и за песната "Она ми се свиѓа"- вели Tyzze.
Спотот е реализиран во „Профи студио„ во Скопје. По промоцијата во Скопје планирано е спотот да биде претставен во Куманово и низ другите градови во Македонија.